• вторник, 24 декември 2024

Спасовски: ЕК ги препознава активностите за спречување на илегалната миграција и криумчарењето мигранти

Спасовски: ЕК ги препознава активностите за спречување на илегалната миграција и криумчарењето мигранти

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Според извештајот на Европската комисија, земјата продолжи да игра активна улога во управувањето со мешаните миграциски текови. Европската комисија ги препознава сите активности направени на јужната граница за спречување на илегалната миграција и криумчарењето на мигранти, а пофалени се и сите направени дополнителни напори за обезбедување основни услови за живот и услуги за сите мигранти во Северна Македонија, посочува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

На својот профил на Фејсбук, тој наведува дека продолжуваат да се спроведуваат договорите за реадмисија и протоколите за спроведување потпишани со осум земји членки на ЕУ, а четири дополнителни договори се во фаза на преговори.

-Покрај тоа, Северна Македонија има билатерални договори за реадмисија со осум земји кои не се членки на ЕУ, а се преговара за уште шест договори. Во Извештајот позитивно е оценета и соработката со соседните земји, пишува Спасовски. ев/са/

ФОТО: Фејсбук 

Остани поврзан