• среда, 25 декември 2024

Спасовски домаќин на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Спасовски домаќин на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид
Охрид, 24 јуни 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре во Охрид е домаќин на Церемонијата за усвојување на Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии, кој беше изготвен во рамки на Регионалниот форум што започна во почетокот на оваа недела,  организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ). На церемонијата, како што соопштија од МВР, ќе земат учество и потпретседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за парвда Бојан Маричиќ, амбасадорите на Обединетото Кралство и на Сојузна Република Германија, министри за внатрешни работи и сигурност и министри за правда од регионот и високи претставници на Обединетите нации, Канцеларијата за дрога и криминал на ОН и на Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција. - Овој Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии претставува конкретна испорака на договореното од страна на Управната група за преземени обврски од областа на безбедноста во рамки на Берлинскиот процес, се наведува во соопштението од МВР. цр/дма/      

Остани поврзан