• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски во СВР Струмица: Зголемена откривачката ефикасност на вкупен криминалитет и расветлувањето на тешки кражби

Спасовски во СВР Струмица: Зголемена откривачката ефикасност на вкупен криминалитет и расветлувањето на тешки кражби

Струмица, 16 ноември 2023 (МИА) - Откривачката ефикасност во делот на вкупниот криминалитет на подрачјето на СВР Струмица во првите 10 месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи зголемување за 21 отсто, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по остварените средби со граѓаните во СВР Струмица, како дел на концептот „МВР за граѓаните“.

Според министерот, има зголемена ефикасност во тековната 2023 година во делот на класичниот криминалитет, со зголемена реализацијата на кривичните дела за 20 отсто во споредба со лани.

-Во делот на тешките кражби, во периодот од јануари до октомври 2023 година имаме зголемување на ефикасноста во расветлувањето на тешките кражби за 19 отсто споредбено со истиот период 2022 година, а намалување СВР Струмица бележи и во делот на економскиот криминал. Покрај ова, за 19 отсто се намалени прекршоците во 2023 година во делот на јавниот ред и мир компаративно со десетте месеци од 2022 година. Исто така, во однос на безбедноста на сообраќајот, можам да констатирам дека евидентирано е намалување за 10% на сообраќајните несреќи со смртни последици, а само во првите 10 месеци од оваа година реализирани се 1.968 превентивни активности на различни теми на подрачјето на СВР Струмица, истакна Спасовски.

Тој се сретна и со раководството на овој Сектор, при што беше запознат за безбедноста состојба на подрачјето на СВР Струмица.

-Согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на ова подрачје е поволна, што е особено важно за локалната заедница, но и во рамки на генералната безбедносна оценка за државата, додаде министерот Спасовски.

Во рамките на денешната посета Спасовски се сретна со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов по што заедно заминаа во СОУ „Јане Санадански“, каде се рерализираше превентивната кампања „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот",која почна скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. рт/дма/

Видео:МИА / Фото:МВР

Остани поврзан