• четврток, 26 декември 2024

Спасовски: Во партнерство со Полицискиот синдикат пет зголемувања на платите за шест години

Спасовски: Во партнерство со Полицискиот синдикат пет зголемувања на платите за шест години

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со раководството на Македонскиот полициски синдикат (МПС), репрезентативниот синдикат на безбедносните служби, предводен од претседателот Марјан Кицев.

На средбата, како што соопшти МВР, беше поздравено зголемувањето на платата за 10 отсто за сите вработени во МВР, што Министерството и МПС со заеднички сили успешно го обезбедија. Денеска беше и реализирана исплатата што е петто покачување на платите во МВР за последните шест години.

-Исто така, беше поздравена и одлуката за враќањето на 32 прекувремени работни часа во месецот. Воедно, стана збор за следните планирани заеднички чекори на МВР и МПС, а кои значат подобрување на статусот и условите за работа на полициските службеници. Во таа насока Спасовски и Кицев разговараа и за можноста за формирање на Солидарен фонд помеѓу МВР и МПС. Меѓу другото, соговорниците се обврзаа и на заедничко продолжување на модернизацијата и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција, а сѐ со цел врвно гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на статусот најбезбедна земја во регионот, информира МВР. мч/дма/

Остани поврзан