• четврток, 26 декември 2024

Спасовски: Во македонските затвори се наоѓаат 50 лица кои постапувале во делот на тероризмот

Спасовски: Во македонските затвори се наоѓаат 50 лица кои постапувале во делот на тероризмот

Скопје, 15 мај 2023 (МИА) – Како резултат на досегашните оперативни акции на Министерството за внатрешни работи, вупно 50 лица се наоѓаат во македонските затвори за постапување во делот на тероризмот, информира Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој на денешното дефиле „Јас внимавам и безбедно возам“ одговарајќи на новинарско прашањe рече дека неодамнешното апсење на двете лица кои биле во служба во ИСИС е резултат на една од успешни акции на Министерството.

-Покрај многуте други акции во борбата против тероризмот, и вчера беше спроведена акција во која уапсени се три лица, две лица на територијата на Северна Македонија и едно лице на територија на Република Франција, значи ова беше заедничка акција која ја спроведовме во исто време, се работи за лица повратници кои биле или лица кои повторно се обидуваат да бидат некаде на бојните полиња, а знаете дека кај нас е санкционирано учеството во странски војски, така да дали имало лица повратници имало, потврди Спасовски.

Рече дека Министерството е постојано фокусирано на сузбивање на тероризмот.

-Борбата против тероризмот или тероризмот како појава е нешто што е сериозен предизвик и ќе продолжува да биде и понатаму предизвик, како што е миграцијата, како што е сајбер криминалот. Институциите на државата, Министерството за внатрешни работи, безбедносните служби, насочени сме постојано во борбата против тероризмот, изјави министерот.

Претходно МВР соопшти дека се приведени О.С (28), Р.С. (33) и М.Г (26) кои биле предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултирале со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Македонија и Франција.

Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, од страна на МВР биле извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С и Р.С, при што биле пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.свс/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан