• четврток, 19 декември 2024

Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти

Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти
Скопје, 3 јули 2022 (МИА) - Во периодот јануари - 20 јуни 2022 година на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 10.834 кривични дела, објави министерот за внатрешни Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. - Во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 %, кое се должи на промените кои се евидентирани во областа на економскиот криминалитет, каде значително е намален бројот на кривичните дела кои се поврзани со непочитување на здравствените прописи во врска со епидемијата. Вкупна материјална штета од 122.8 милиони денари, напиша Спасовски на фејсбук. цр/

Остани поврзан