• вторник, 24 декември 2024

Спасовски: Арачиново пак ќе биде дел од победата за сигурна иднина

Спасовски: Арачиново пак ќе биде дел од победата за сигурна иднина
Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) - Од Арачиново почна уривањето на режимот и одовде беше испратена пораката за единство, сплотеност и сите заедно да направиме подобро за нас и нашите деца, рече носителот на листа во ИЕ 2 од коалицијата „Можеме'', Оливер Спасовски на вечерашната трибина во Арачиново, каде исто присуствуваше и кандидатот за пратеник од СДСМ, Мухамед Зекири и кандидатот за пратеник од редовите на Движењето БЕСА, Бастри Бајрами. - Ние од ИЕ 2 сме Македонија во мало и затоа ја имаме најглема одговорност во однос на изборите. Победата во Арачиново е победа и во ИЕ 2 и победа на Македонија со што ќе пратиме силна порака за единство, рече Спасовски. Тој зборуваше за сработеното во изминатите три години и за новата програма што се темели на клучната цел за нова развојна економија и натамошна грижа за сите. - Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот, имаме најповолни услови за инвестирање во регионот и добри работници кои ќе работат за добри плати. Оваа изборна програма којашто ќе биде и владина програма ќе се потпира на проекти од економијата и на инфраструктура, бидеки немаме веќе отворени прашања, дражвата ја запишавме во картата на држави во светот. Ќе имаме нова развојна економија, обезбедуваме нови работни места. Обезбедуваме и над 600 милиони евра пари за поддршка на домашни и странски инвестиции, од коишто 300 милиони предвидуваме да бидат од буџетот, а 300 милиони од европските фондови“, најави Спасовски. Тој потсети на сработеното во изминатите три години, овозможената слобода и демократија, консолидација на институциите, враќање на долговите направени од режимскиот систем, за враќањето на парите кон граѓаните преку евтината тарифа на струјата, укинатата радиодифузна такса, зголемувањето на минималната и просечната плата на 14.500 и 27.500 денари, за најголемото зголемување на пензиите во последните 12 години од 720 денари, за воведената државна социјална пензија, за поддршката на младите преку низа проекти, меѓу коишто и младинската гаранција, за донесените храбрите одлуки од коишто придобивка се членството во НАТО и ЕУ интеграциите. - Со тоа ги отворивме и можностите за европски фондови од 2 и пол милијарди евра за нашата држава и за нови инвестиции. Со сето ова се создадени можности за нови покачувања на платите и пензиите, за утврдување минимална пензија од 10.700 денари и за нова финансиска поддршка на младите, рече Спасовски. Тој зборуваше и за создадените основи за правна држава преку донесениот закон за јавно обвинителство и за создавањето еко држава. - Да го исчистиме еколошкиот отпад, но и политичкиот, да расчистиме со остатоците од груевизмот засекогаш, рече Спасовски. Носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски посочи и дека се направени многу километри експресни и регионални патишта и автопатиштата за коишто во времето на ВМРО-ДПМНЕ се барале провизии, а посочи и на сработеното во Арачиново и во ИЕ 2: канализација во должина од 10 километри што е 55 проценти завршена и до крајот на годината нема да има семејство кое нема да биде прикличено на неа, новата општинска зграда, модерни услови за учење во училиштата во Арачиново и Грушино. Тој рече дека се прави патека за шетање од 1.100 метри, што ќе биде еден од најубавите делови на Арачиново, првата детска градинка што е предвидено да биде меѓу најубавите во државава, а дека ќе се изгради и мултуфунционално игралиште каде децата ќе спортуваат. - Оваа коалиција Можеме нуду сигурност, јасна визија и перспективи, мир и спокој и развојна економија. На другата страна е Груевски обновен во Мицкоски, режим, лаги и манипулации и желба да се оствари долгогодишната партнерска врска за владеење“, рече Спасовски. - Нема веќе национализам што вирее на овие простори. Да ги оставиме да се само обноват во опозиција“, повика Спасовски. Тој повика на водење безбедна кампања и на излезност на изборите за да се формираат институции со полн капацитет што ќе може да справат со сите здравствени и економски потреби на граѓаните. - Ни требаат институции коишто ќе можат во полн капацитет да носат законски решенија, да менуаат законски решенија Ќе има последици од кризата и ќе мора да се справиме со институции со полн капацитет“, рече носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовси, вечерва во Арачиново. На граѓанската трибина се обратија и кандидатот за пратеник, Мухамед Зекири и кандидатот за пратеник од редовите на Движењето БЕСА, дел од коалицијата Можеме, Бастри Бајрами. - Арачиново се менува на подобро за разлика од пред 7 години кога зборувавме за основни потреби во општината. Сега зборуваме за градење градинки, за култура, за вложувања во спортот. Докажавме дека наш интерес како коалиција Можеме е грижа за граѓаните, повисоки плати, подобри работни места, ДУИ не може да `не спречи во тоа, рече Бајрами во Арачиново. оџ/сп/

Остани поврзан