• среда, 18 декември 2024

Спасовски: Амандмани на Буџетот: СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

Спасовски:  Амандмани на Буџетот: СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

Скопје, 15 ноември 2024

Предлог Буџетот за 2025 година на Владата на Мицкоски покажува дека планираат само да ги задолжуваат граѓаните без да ја развиваат економијата и без да ги покачуваат платите.

Погрешни и би рекол погубни се овие политики кои се преточени во Буџетот. Тоа ќе значи уште една загубена година за економијата, за граѓаните и за полицајците.

Власта предлага зголемување на буџетот за МВР но не планира зголемување на платите на полицајците.

Или на пример, се предлага зголемување на буџетот за набавка на владини возила за дури 75% а нема план за модернизација и современи системи за подобрување на безбедноста на граѓаните. 

Гледајќи ги криминалните пресметки кои секојдневно се случуваат на улиците, како вчерашниот случај со бомба во Керамидница, е силен показател: колку криминалните групи земале сила по смената на власта но и колку е важна улогата на МВР за безбедноста на граѓаните.

Затоа СДСМ, поднесе над 200 амандмани на Буџетот за 2025 година од кои во делот на МВР поднесовме неколку многу важни амандмани.

Прво, поднесовме амандман за зголемување на платите на полицајците за 20%. 

За полицијата да биде вистински сервис во едно демократско општество, мора да имаме и мотивирани полицајци. Таа цел со овој амандман целосно се исполнува. 

Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.

Во изминатите години СДСМ силно инвестираше и во подобрување на животниот стандард на граѓаните и на модернизација и подобрување на условите за работа.

17 милиони евра инвестиравме за реконстуркција и обнова на 80 објекти, и уште 2 кои се во тек и тоа се МТВ управни слижби Скопје и Центарот за Обука во Идризово, а во тек е изградба и на новата полициска станица воАеродром. 

14 милиони евра вложивме за нови униформи и материјално технички средства за полицајците.

Стратешки важни објекти ги завршивме целосно, како на пример, Центарот за електронски податоци во Прилеп и Форензичката лабораторијата.

За жал не гледаме дека власта сака да продолжи да го развива капацитетот на МВР ниту да го модернизира, туку да го партизира и да го злоупотребува во партиски цели. 

Ветуваа гордост но денеска полицајците се понижени и деградирани. 

Неспособноста на власта ја загрозува безбедноста на граѓаните, што го гледаме во изминатиот период. Над 25 вооружени инциденти се случија само за неколку месеци.

Затоа, освен за платите СДСМ има амандман и за набавка на нови современи технички средства:

Бараме пренамена на пари за 4 нови командни центри.

Имаме амандман за 30 специјализирани дронови за работа на полициските сили, за набавка на 300 напредни комуникациски уреди како и 50 уреди за мерење на издувните гасови на возилата.

Сите овие мерки ќе влијаат на подобрување на условите за работа и зголемување на ефикасноста а со тоа и на услугите за граѓаните.

Пратениците на СДСМ активно ќе учествуваат во расправата и ќе ја браниме потребата од усвојување на овие амандмани, затоа се важни за безбедноста и мирот на граѓаните.

Одговор на новинарско прашање, Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Сасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во чие време биле на позиција. 

Единствено логично објаснување на ваква состојба е само да се задскрие настанот којшто беше со бомбата во Керамидница, истиот ден да се објави друга вест. 

Апсолутно е недозволено да овие луѓе бидат понижени, иако досега не биле ниту казнувани ниту дисциплински гонети, сите се со Сертификати, некои од нив имаат и НАТО сертификати и сосема совесно, чесно и одговорно ја вршеле својата работа. 

Недопустливо е на ваков начин да се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во МВР преку ваквите случаи. 

Ќе направам само споредба. 

Се сеќавате сите на случајот кога тогашниот телохранител на Мицкоски, Бисовки, нападна политиски инспектор со цел да спречи акција за спречување трговија со дрога, во Скопје. 

За истиот тој политицки службеник иако беше поднесена кривична пријава, иако има снимка на очите на целата македонска јавност дека напаѓа полициски службеник, истиот министер, него го ослободува од било каква одговорност а на тој начин му овозможува да биде унапреден и да биде дел од најелитната единца, Тигар. 

Ова доволно говори којшто се има во овој момент. Апсолутно, осудувам ваков пристап и сметам дека не треба во ниту еден момент да се удира врз професионалците во МВР и во безбедносните институции.

Спасовски: Криминалните пресметки се показател за пристапот и неспособноста на актуелниот министер

Вистинско прашање сега се поставува, зошто за само неколку месеци ни се случуваат 25 вооружени инциденти во коишто имаме ранети, убиени граѓани. Зошто овие настани се случуваат и зошто токму овие криминални банди добиваат на значање на сила токму во овој период. Нема оправдување. Ако 1 година го предводи некој МВР да кажува дека заради тоа што се случувало во минатото сега не може да преземам ништо повеќе. Се бара знаење, посветеност и пристап којшто ќе овозможи заштита на граѓаните. 

На крајот ниту еден граѓанин не му важно со што се соочува некој министер или Министерство за внатрешни, граѓаните сакаат мир и безбедност затоа што е недозволиво да излезат и да се плашат дали некој во одреден момент, некоја криминална група ќе пука, ќе подмете бомба или не дај Боже да се случат посериозни настани. Истот ден се случи пукање и во куќа во Шуто Оризари, каде што имаше вооружена престрелка но не се објави во јавноста. Така да треба да се преземаат мерки а тие мерки може да дадат резултати не ако се удира по професионалците во МВР туку ако им дадете потстрек за да се борат со криминалот и со справувањето со ваквите криминални структури.

 

Прес-конференција, Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Фото: СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан