• четврток, 26 декември 2024

Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност

Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе се обрати на првиот свечен академски час на Факултетот за безбедност во Скопје. Факултетот за безбедност во Скопје одбележува 45 години од своето формирање. На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на  студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти. мд/са/

Остани поврзан