• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски: Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби

Спасовски:  Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби

Скопје, 16 март 2023 (МИА) - Од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, следниот ден имавме една дојава за бомба, а наредниот ден уште една. Понатаму веќе немаше дојави за бомби, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање.

Инаку, новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни мерки при дојава за бомба, беше воведен во текот на овој месец, за што Спасовски потенцираше дека истиот ќе биде дел од решението на процесот. 

-Состојбата е целосно под контрола. Полицијата е тука, ќе биде во секое од училиштата, во сите институции. Будно работиме, во целиот изминат период, затоа што за нас сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место, порача неодамна министерот Спасовски.бт/аа/

Фото/ МИА Архива

Остани поврзан