• среда, 18 декември 2024

Спасе Кочовски прогласи победа во Вевчани

Спасе Кочовски прогласи победа во Вевчани
Вевчани, 31 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од ВМРО – ДПМНЕ Спасе Кочовски, вечерва прогласи победа. Во изјава за МИА изрази благодарност до сите вевчанци, за поддршката, но и мирниот, фер и демократски процес. - Победата ја добивме, останува да работиме и да ги релаизираме ветените проекти, да ја оправдаме довербата на вевчанци. Народот одлучи, а ние нема да го изневериме, рече Кочовски. Неговиот против кандидат од СДСМ и актуелен градоначалник Сашо Јанкоски му посака успешна работа, со порака општината секогаш да ја става пред се и над се. - Почитувани Вевчанци, ми беше огромна чест што претходниве четири години бев градоначалник и успешно ја водев Општина Вевчани. Ви благодарам на вашата несебична поддршка во изминативе години. Заедно зад нас оставаме многу реализирани проекти најмногу во историјата на општина Вевчани на кои ќе се гордееме и по кое ќе не памети Вевчани. Оставаме и многу подготвени проекти, кои треба во иднина да се реализираат, напиша Јанкоски на фејсбук. сс/дма/

Остани поврзан