• недела, 24 ноември 2024

Спасени 77 бегалци и мигратни во морскиот дел меѓу два грчки острови

Спасени 77 бегалци и мигратни во морскиот дел меѓу два грчки острови

Атина, 24 јуни 2024 (МИА) – Во акција на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел меѓу грчките острови Аморгос и Астипалеа, во текот на ноќта биле спасени 77 бегалци и мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Во спасувачката акција кусо по еден часот по полноќ учествувале три патролни бродови на крајбрежната служба, четири бродови што биле во близина, како и два приватни чамци, а сите спасени се во добра состојба и биле пренесени на островот Наксос. ср/ми/

Остани поврзан