• среда, 18 декември 2024

Спасени 283 бегалци и мигранти од рибарски брод во близина на грчкиот остров Гавдос

Спасени 283 бегалци и мигранти од рибарски брод во близина на грчкиот остров Гавдос

Атина, 8 јули 2024 (МИА) – Во морскиот дел на 18 наутички милји јужно од малиот грчки остров Гавдос, крајбрежната служба на Грција вчера попладне спасила 283 бегалци и мигранти кои се превезувале со рибарски брод, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција вечерва соопштија дека откако биле информирани за бродот, кон конкретниот морски дел се упатиле патролен брод на службата, чамец за спасување, три трговски брода што биле во близина, рибарски брод што пловел под италијанско знаме, како и приватен глисер со претставници на крајбрежната служба и го лоцирале 15-метарскиот рибарски брод.

Со помош на бродовите и чамците вклучени во акцијата, спасените 283 лица, од кои 278 се мажи и пет жени биле пренесени на Гавдос, а потоа и на островот Крит.

Гавдос е мал остров во непосредна близина на Крит, а претставува најјужната точка и на Грција и на Европа. ср/

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Остани поврзан