• четврток, 26 декември 2024

Спасени 27 бегалци и мигранти на Лезбос, еден загинат

Спасени 27 бегалци и мигранти на Лезбос, еден загинат
Атина, 19 јануари 2021 (МИА) – Вкупно 27 лица се спасени во акцијата на грчката крајбрежна служба во непристапна копнена област во југоисточниот дел на грчкиот остров Лезбос, додека, пак, пронајдено е телото на маж, кој веројатно починал од премрзнатост, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за бегалци и мигранти, а спасувачката акција, како што утрово објави МИА, се водеше преку море поради непристапниот предел. Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека со помош на два брода и хеликоптер на крајбрежната служба и два брода од армијата, во карпест дел од островот биле пронајдени 24 лица и безживотното тело на еден маж, додека, пак, останатите три лица биле пронајдени на копно. Спасените бегалци и мигранти биле пренесени на пристаништето во Митилини. ср/гт/

Остани поврзан