• понеделник, 29 јули 2024

Спасени лица кои со возило заглавиле во снег кај Пониква

Спасени лица кои со возило заглавиле во снег кај Пониква

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Спасени се лица кои синоќа со возило заглавиле во снег кај Пониква, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Како што појаснуваат од ЦУК, заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, биле однесени на безбедно место, а возилото било извлечено од снегот.

- Тоа е кусата повратна информација од терен по спасителната акција на доброволната планинска спасителна служба „Осогово“ од Кочани, на МВР и на други ангажирани субјекти и граѓани. Конкретно, вчера во 17:45 била пристигната информацијата за заглавени лица со теренско возило во снег на Поникава, Осоговски Планини. Веднаш од ЦУК е извршен контакт со ДПСС „Осогово“, а во меѓувреме, екипа од МВР, со теренско возило, била упатена на местото каде што биле заглавени лицата. Пожарникарите биле подготвени, ако имало потреба од нив. Вчерашната спасителна акција е успешно и навреме спроведена и покрај студеното и снеговито време, додаваат од ЦУК. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан