• вторник, 24 декември 2024

Спалети ја доби титулата почесен граѓанин на Неапол

Спалети ја доби титулата почесен граѓанин на Неапол

Неапол, 7 декември 2023 (МИА) - На селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети му беше доделена титулата почесен граѓанин на Неапол.

Шеесет и четиригодишниот фудбалски стручњак го одби ова признание бидејќи го предводеше Наполи до титулата во Серија А во сезоната 2022/23.

Спалети го водеше Наполи од мај 2021 до јуни 2023 година, по што во септември стана селектор на италијанската репрезентација.

Наполи минатата сезона стана шампион на Италија, прв пат по 33 години кога во тимот играше легендарниот Марадона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан