• вторник, 24 декември 2024

Со 400 000 вакцини може да се постигне заштита од Ковид-19, смета д-р Пановски

Со 400 000 вакцини може да се постигне заштита од Ковид-19, смета д-р Пановски
Скопје, 9 декември 2020 (МИА) - Со 400 000 вакцини може да се постигне заштита од Ковид-19. До март, кога се очекува да стигне вакцината против коронавирусот, 600 000 граѓани на некој начин, ќе имаат стекнато имунитет на болеста, затоа што ја прележале на некој начин, со или без симптоми, истакна вечерва д-р Никола Пановски. Посочи дека ако се вакцинираат уште 400.000 илјади луѓе, за кои веќе е обезбедена вакцината во две дози, тоа ќе биде доволно за да се смета дека населението е заштитено. - Се чудам како е можно граѓаните да одбиваат да се вакцинираат, бидејќи вакцините имале нус ефекти, а не го читаат упатството за употреба на антибиотици, потенцира д-р Пановски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Додаде дека летото идната година ќе биде порелаксирано од ова што го поминавме, но дека маски ќе продолжиме да носиме од страв, а не од некоја реална оправданост. рп/дма/

Остани поврзан