• среда, 25 декември 2024

Со јапонски грант се обновува стариот кров на ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани

Со јапонски грант се обновува стариот кров на ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани

Кочани, 3 јули 2024 (МИА) – Во ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани почнаа градежните работи за обновување на старата и дотраена кровна конструкција, а за што се обезбедени 70 илјди евра како јапонски грант.

Со реконструкцијата ќе се обезбеди исполнување на сигурносните стандарди, како подобрување на условите за квалитетно образование на над 450 ученици и за работа на наставниот и друг кадар.

- Откако е изградено училиштето во 1936 година, кровот бил реконструиран само еднаш пред околу 45 години. Се работи за стара дрвена градба со површина од 785 квадратни метри, без хидроизолација, а таванот е граден со трски. Целата конструкција беше во многу лоша состојба, со протекување на водата близу до електричната инсталација и претставуваше потенцијална закана за пожар. Поради тоа вработените и учениците изразуваа сериозна загриженост од можноста кровот да пропадне, истакна Глигор Гацовски, директор на ОУ „Раде Кратовче“.

На почетокот од градежните активности постапно се отстранува постојната покривна маса за да се замени старата кровна конструкција со нова. Изведувач на работите е фирмата „Бепинг констракшн“ од Кочани, која има обврска да ги заврши до крајот на август.

Финансиската поддршка за реконструкцијата е по апликацијата од училиштето на повикот во рамки на GGP - Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност на Амбасадата на Јапонија. та/дма/

 

фото: МИА

Остани поврзан