• сабота, 28 декември 2024

Со т.н. ноќен радар 194 казни за брзо возење на територија на цела држава

Со т.н. ноќен радар 194 казни за брзо возење на територија на цела држава
Скопје, 10 август 2022 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 20 часот до полноќ Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 194 возачи. Од нив, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа, соопштија од МВР, 127 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/сп/

Остани поврзан