• четврток, 19 декември 2024

Со „Стартапувај 3“ два милиони евра за финансиска поддршка на проекти

Со „Стартапувај 3“ два милиони евра за финансиска поддршка на проекти
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Финансиска поддршка од два милиони евра за македонскиот старт ап еко систем се на  располагање со третиот јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва стар-ап и спин-оф  „Стартапувај 3“ што го објави денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и ќе биде отворен до 12 јуни годинава. - Поддршката е наменета за проекти кои имаат најмалку  „потврден  концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална фаза, рече на прес-конференција директорот на ФИТР, Коста Петров, додавајќи дек Фондот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза. Со „Стартапувај“3 ќе бидат финасирани проекти на новоосновани трговски друштва регистрирани во државава кои ги исполнуваат условите согласно со Правилникот на ФИТР. За да ги охрабрат сите иноватори кои се уште немаат своја компанија  воведена е новина за апликантите. Првпат ќе може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови физички лица. Доколку нивниот  проект биде избран за финансирање ќе имаат обврска во рок од 30 дена по прием на известувањето за селекција на  проектот да регистрираат старт ап во кој како основач ќе се јават најмалку 51 процент од членовите на тимот. - Првпат добиените средства ќе бидат неповратни,  што претставува уште еден поттик и олеснување за македонските стартапџии да добијат шанси за реализација на нивните проекти. ФИТР ќе обезбеди до 40 илјади евра односно 90 проценти од вкупниот буџет на проектот за трговски друштва до три години постоење, односно 60  илјади евра или 85 проценти од вкупниот буџет на проектот за трговски друштва со над три, а помалку од  шест години постоење. Преостанатиот износ од 10, односно 15 проценти  од вкупниот буџет на проектот ги обезбедува апликантот, информира Петров. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека целта на ваквите повици на ФИТР е трансформација на старт ап еко системот и создавање силен конкурентен систем. - Северна Македонија како стар ап хаб на Балканот и тоа е нашата цел.  Владата на РСМ гледа навистина голем потенцијал во идеите на младите и иновативните луѓе, а доказ за тоа се и досегашните 305 поддржани стар ап компании со инвестиција од над 17 милиони евра, рече Битиќи. Еден од главните предизвици на работата на новоформирабниот стартап совет што го раководи тој, како што наведе,е развивање подобри регулативи преку создавање нови и ажурирање на постојните и создавање платформи кои ќе ги намалат трошоците за стар ап и ќе ги олеснат административните процедури. - Законот за иновациска дејност кој е креиран според новоите трендови и кој за првпат ќе ги вклучува и бизнис ангелите во рамките на своите прописи, а на тој начин ќе обезбеди подобар пристап до финансиите и подобар ангажман на корпорациите и нивните инветициски фондови во македонскиот стар ап еко систем.  Истовремено сме посветени на привлекување на дигиталните  номади и нашата намера е да создадеме адаптирани законски измени и погодни услови за престој и работа на странците во нашата земја. Ова би било од голема корист за економијата на земјата, бидејќи заработениот приход на странците ќе се потроши во РСМ  придоенсувајќи за растот на домашната економија. Во рамките на тоа, веќе е формирана работна група што работи на предлози на законските измени, информираше Битиќи.

Петров соопшти и дека покрај финансиската поддршка на сите креативни иновативни стар ап компании кои ќе аплицираат на овој јавен повик им нудат дополнителна поддршка преку партнерите НЛБ банка и Силк роуд банка со кредитни производи и услуги по привилегирани пониски каматни стапки од редовните. Во тек се преговори со три банки и се очекува до крајот на повикот дека и да излезат со иновативни продукти за стар ап компаниите.

На претходниот повик „Стартапувај 2“, што беше наменет за кофинансирани грантови за новоосновани компании, а ФИТР го спроведе во соработка со Светска банка, се 235 стартап компании, за 30 отсто повеќе во споредба со првиот повик наменет за поддршка на стартапи реализирани минатата година а на кој беа пријавени 186 апликанти. лв/сп/

Остани поврзан