• среда, 25 декември 2024

Со симпозиум за белезите на современата поезија затворен фестивалот „Поетски синтези -2024“ во Битола

Со симпозиум за белезите на современата поезија затворен фестивалот „Поетски синтези -2024“ во Битола

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Со симпозиумот „Во чекори“, синоќа во Битола заврши тридневниот меѓународен поетски фестивал „Поетски синтези-2024“.

Домашните и странски автори дискутираа за белезите на современата национална поетика при што беа изнесени интересни ставови за тековите, формата и содржината на поезијата денес во која се чувствува нагласен неореализам.

Во конкуреција на 15 поети, наградата „Поетска муза“ за најдобра интерпретација и композиција на песна на фестивалот му припадна на поетот Валерио Орлиќ од Риека, Хрватска за песната „Ќе умрам од смеа“ која ја изведе на експресивен и драматичен начин.

Наградата „Поетски хоризонти“ што се доделува за најдобра книга објавена меѓу две лета во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола ја доби поетесата Диана Буразер од Загреб, Хрватска, за книгата „Рајски јаболка“.

Фестивалот „Поетски синтези-2024“ го организираше Здружението за наука и култура „Нова“. вг/са/

Фото: Здружение за наука и култура „Нова“

Остани поврзан