• сабота, 23 ноември 2024

Со реконструкцијата на филтер станицата „Ташли Баир“ во Општина Василево решен проблемот со водоснабдување за четири села

Со реконструкцијата на филтер станицата „Ташли Баир“ во Општина Василево решен проблемот со водоснабдување за четири села

Струмица, 19 април 2024 (МИА) - Со завршувањето на реконструкцијата на филтер станицата „Ташли Баир“, Општина Василево целосно го реши проблемот со вода за пиење за четири населени места. Преку овој систем со вода за пиење се снабдуваат 1.459 домаќинства од Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково и 139 правни лица.

Во пренесената изјава на градоначалникот на Василево Славе Андонов се вели дека овие четири населени места конечно ќе имаат чиста вода за пиење.

-Навистина сум среќен што решаваме децениски проблем. Правото на пристап до чиста вода е основно човеково право. Ветувањата кон граѓаните се реализираат, стои во изјавата на Андонов.

Реконструкцијата на филтер станицата почна лани, а средствата се обезбедени од различни извори. Од Министерството за животна средина и просторно планирање се добиени 2 милиони денари, од Бирото за рамномерен регионален развој 1.395.940 денари и од сопствено учество на Општината во износ од 104.695 денари. рт/мд/

Фото: Општина Василево

Остани поврзан