• петок, 27 декември 2024

Со предлог-законот на Левица државата е обврзана за целосен третман на лицата со дијабет

Со предлог-законот на Левица државата е обврзана за целосен третман на лицата со дијабет

Скопје, 12 октомври 2023

Според Законот за здравствената заштита, на сите граѓани на Република Македонија им се обезбедува остварување на загарантираните права на цитостатици, инсулин и хормон за раст.

Со нашиот предлог, членот се дополнува со нова точка преку која на сите граѓани на Република Македонија им се обезбедува остварување на загарантираните права на инсулин, апарати и ленти за мониторинг на гликемија, системи за континуирано мерење на гликемија, како и инсулински пумпи за континуирано дозирање на инсулин кај пациенти со тип 1 дијабетес мелитус.

Тип 1 дијабетес мелитус е сериозно хронично заболување кое влијае на функционирањето на организмот и може да предизвика сериозни компликации ако не се контролира соодветно. Инсулинските пумпи, апарати и лентите за мониторинг на гликемија, како и системите за континуирано мерење на гликемија, се современи медицински технологии кои обезбедуваат подобра контрола на нивото на гликемија кај пациентите.

Загарантираното право на овие технологии е од суштинска важност за пациентите со тип 1 дијабетес мелитус, бидејќи им овозможува подобро справување со состојба во која се наоѓаат и подобар квалитет на живот. Инсулинските пумпи, овозможуваат постепено и прецизно дозирање на инсулинот, што го намалува ризикот од нагло покачување на концентрацијата на гликоза во крвта, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Левица ги повикува сите пратенички групи да го поддржат овој закон и да учествуваат во конструктивна дискусија во насока на подобрување на условите на живот на лицата со дијабет.

 

Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан