Со поетско читање во Центарот за култура во Кичево ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата
- Во големата сала во Центарот за култура во Кичево, со поетско читање на три јазика денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата - 21 Март. Секоја година, овој ден е резервиран за одбе
Кичево, 21 март 2022 (МИА) - Во големата сала во Центарот за култура во Кичево, со поетско читање на три јазика денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата - 21 Март. Секоја година, овој ден е резервиран за одбележување на три големи настани, и тоа Светскиот ден на поезијата, Денот на пролетта и Денот на екологијата.
-Една од најважните причини зошто се одбележува Светскиот ден на поезијата е спроведување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности. Денешниот ден ќе биде организиран заедно со основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Санде Штерјоски“ од Кичево и „Јонуз Емре“ од селото Лисичани, истакна Маја Николоска Сиљаноска од Центарот за култура.
Таа додаде дека целокупната програма ќе се одвива на три јазика, на македонски, албански и турски, а ученици од овие училишта ќе читаат поетски творби на познати и реномирани светски автори.за/бт/