• четврток, 26 декември 2024

Со перформанс од „Убавицата и ѕверот“ одбележан Светскиот ден на театарот во Кавадарци  

Со перформанс од „Убавицата и ѕверот“ одбележан Светскиот ден на театарот во Кавадарци  

Кавадарци, 27 март 2024 (МИА) - Со театарски  перформанс од „Убавицата и ѕверот“ беше одбележан Светскиот ден на театарот во Кавадарци. Пред присутните, настапија членови на театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.

Директорката на културниот дом  Јулијана Туриманџова рече дека за сите театарски работници и творци, како и за љубителите на театарската уметност, ова е исклучително важен и голем ден.

Микица Илова, режисер, рече дека е ова мал театарски перформанс, од претставата што ќе ја има својата премиера на 11 април. 

- Претставата „Убавицата и ѕверот“ е за сите возрасти, една прекрасна француска бајка. Со овој перформанс сакавме да ја зголемиме љубопитноста за самата претстава и радува фактот што настанот е многу посетен, особено од млади љубители што ја сакаат уметноста и уживаат во неа, нагласи Илова.

Беа прочитани и светската и македонската порака, по повод Светскиот ден на театарот. свд/мд/

Фото: МИА 
 

 

Остани поврзан