• сабота, 23 ноември 2024

Со нуклеарката Запорожје ќе управува шефот на „Енергоатом“

Со нуклеарката Запорожје ќе управува шефот на „Енергоатом“
Киев, 5 октомври 2022 (МИА) - Шефот на украинската нуклеарна компанија „Енергоатом“, Петро Котин денеска информираше дека ќе го преземе управувањето со нуклеарната централа Запорожје, по инцидентот кога руските сили го киднапираа, па подоцна го пуштија нејзиниот директор. Котин истакна дека ќе управува со централата, најголема во Украина и во Европа, од Киев. Украинските работници и понатаму работат во погонот, каде последниот оперативен реактор беше исклучен минатиот месец. Во централата има и двајца експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија. Борбите на украинските и руските сили близу комплексот, создадоа стравови за можно протекување или инциденти. бд/сд/

Остани поврзан