• недела, 24 ноември 2024

Со „ноќен радар“ 260 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Со „ноќен радар“ 260 санкции за брзо возење на територија на цела држава
Скопје, 28 јули 2022 (МИА) - Во текот на изминатата вечер, од 22.00 до 3.00 часот,  со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 260 возачи.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Вкупно 218 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место.- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР. мд/са/

Остани поврзан