• сабота, 28 декември 2024

Со „ноќен радар“ санкционирани 91 возач за брзо возење на територија на државата

Со „ноќен радар“ санкционирани 91 возач за брзо возење на територија на државата
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - МВР информира дека во текот на изминатата вечер, во периодот од 21.00 до 02.00 часот, полицијата со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спровела засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила за брзо возење, при што биле санкционирани 91 возач. -Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 67 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата. ир/са/

Остани поврзан