• сабота, 28 декември 2024

Со „ноќен радар“ регистрирани 192 лица кои возеле со брзина над дозволената

Со „ноќен радар“ регистрирани 192 лица кои возеле со брзина над дозволената
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови синоќа во период од 18:00 до 00:00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила, кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 192 возачи. Според МВР, од нив, 24 возачи управувале со возилото со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта. сст/сп/

Остани поврзан