• петок, 27 декември 2024

Со нож тешко повреден 36 годишен тетовчанец, однесен во Клиничкиот центар во Скопје 

Со нож тешко повреден 36 годишен тетовчанец, однесен во Клиничкиот центар во Скопје 

Тетово, 27 јануари 2024 (МИА) - Во Тетово вечерва расправија меѓу двајца мажи на 36 и 37 години преминала во физички напад и ранување со нож. Тешко повреден е помладиот 36 годишник, кој по пружената помош во тетовската болница бил однесен на скопските клиники. 

- Денеска (27 јануари) околу 21 часот и 45 минути, на улица „Страшо Пинџур" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода  36-годишниот тетовец Д М.Тој се сомничи дека околу 18 часот и 15 минути, на улица "Илинденска" во Тетово, физички го нападнал и со остар предмет го повредил 37-годишниот Ф.И., исто така, од Тетово. На повредувањето му претходела нивна меѓусебна вербална расправија, а Ф.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето Д.М. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот. ас/ев/

ФОТО: МИА архива

Остани поврзан