• вторник, 27 август 2024

Со новиот филм на Вуди Ален завршува 23.CINEDAYS

Со новиот филм на Вуди Ален завршува 23.CINEDAYS

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Со проекција на филмот „Неочекувана среќа“ во режија на Вуди Ален, вечер завршува 23.CINEDAYS. Филмот ќе биде прикажан во паркот на МКЦ од 20:30 часот.

Претходно, од 19:30, во рамки на офф програмата на фестивалот, е Living Music Project во кино „Фросина“.

Програмата ќе биде заокружена со DJ Party (CINEmusic) на Плато МКЦ со DJ сет на Џано Куч Марко Иван Кочишки и Ѓорѓи Старделов што почнува во 23:00 часот. мч/дма/

фото: принт скрин

Остани поврзан