• понеделник, 29 јули 2024

Со низа спортски настани Неготино го одбележува 8 Ноември - Денот на ослободувањето

Со низа спортски настани Неготино го одбележува 8 Ноември - Денот на ослободувањето
Неготино, 7 ноември 2022 (МИА) - По повод 78-годишнината од ослободувањето на градот, Општина Неготино овие два дена организира повеќе спортски и културни настани кои се дел од програмата за одбележување на Денот на градот,  8 Ноември. Денеска најпрвин се одржаа традиционалните улични трки. Над стотина ученици од двете основни училишта и средното општинско училиште, земаа учество на традиционалните улични трки. Празнувањето продолжи со две спортски натпреварувања, турнири во одбојка и пинг понг. Одбојкарскиот турнир беше организиран во соработка со Сојузот на училишни спортови, а турнирот во пинг понг во организација на Младинскиот Совет на Општина Неготино. За најдобрите учесници следуваа дипломи и медали кои ги додели градоначалникот Горан Стојанов. Тој упати благодарност до сите учесници во спортските активности и ги најави и другите настани со коишто се одбележува празникот на градот. свд/лв/  

Остани поврзан