• четврток, 26 декември 2024

Со низа активности прославен Денот на ослободувањето на Гостивар

Со низа активности прославен Денот на ослободувањето на Гостивар

Гостивар, 18 Ноември 2023 (МИА) – Со низа настани под мотото „Седумдесет и девет години слободен Гостивар“ беше прославен 18 Ноември - Денот на ослободувањето на Гостивар од фашистичката окупација.

Прославата започна вчера со музичко-сценската изведба „Децата и младите за Гостивар“ на која настапија деца од градинките и основните училишта. Вчеравечер во центарот за култура АСНОМ, се одржа и свечена академија. Секретарот на општина Гостивар, Зоран Крајоски честитајќи го празникот се осврна на значајот на Народно ослободителна борба и пожртвуваноста на учесниците до конечна победа над фашизмот.

– На гостиварци тој ден не им е даруван, подарен. За тој ден, за слободата и за подобро утре свои животи положиле наши предци, учесници во НОБ и отпорот, со пркос кон фашистичкиот окупатор и создавајќи пат за поколенијата кои доаѓаат, создавајќи достојна иднина на сите без оглед на нивната припадност. Затоа, ним треба да им припадне целосната слава и нашата благодарност, рече Крајоски.

Академијата беше уприличена со прогласувањето на најуспешните од конкурсот на гостиварската боречка организација кој беше распишан по повод 18 Ноември. Пред почетокот на академијата, посетителите можеа да ја погледнат и изложбата од стари фотографии на Гостивар и гостиварско од периодот помеѓу двете светски војни.

Чествувањето беше заокружено денеска со пригоден собир и положување цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ во градскиот парк.

Предлогот за организирање на овој културно-историски настан беше прифатен од страна на Советот на Општина Гостивар и беше ставен во Годишната програма за култура за 2023 година. згм/цр

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан