• вторник, 24 декември 2024

Со несмалена динамика се одвиваат градежните работи на патот Елбасан - Ќафасан

Со несмалена динамика се одвиваат градежните работи на патот Елбасан - Ќафасан

Ќафасан, 22 март 2023 (МИА) -  Градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, до градот Елбасан се одвиваат со забрзана динамика, објави албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.Тој сподели слики од ова градилиште каде продолжуваат работите на изградба на надвозници и мост.„Овој патен правец  радикално ќе ги скрати растојанијата и ќе се претвори во меѓуградски пат со четири ленти, како дел од коридорот 8, веќе вклучен во европската мрежа. Патот Елбасан-Кафасан е од категоријата Б, со по две ленти од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот,напиша Рама.Проектот, што ќе се реализира во неколку фази, предвидува интервенција на постојниот пат изграден пред две децении, но и изградба на нови сегменти во зависност од теренот.Работите најпрво  се одвиваат на  првите 5,3 километри од овој пат, делница Џибрак-Мирак, која делумно ќе биде на нов терен и привремено  се користи стариот пат. За ова планирани се средства од 25 милиони евра. Напоредно со тоа ќе се направи студија за изградба на бајпас во Елбасан со цел да не се влегува во градот.Со реализација на проектот се олеснува сообраќајот и го скратува времето на патување, како во правец кон Северна Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување намаксималната дозволена брзина до 110 километри на час.Оваа важна делница се очекува да биде завршена во рок од две години и ако до денес од Ќафасан до Елбасан се потребни 1 час и 30 минути, по изградбата, ова оддалеченост ќе се минува за само 35 минути. Вкупната должина на делница е 48,12 километри, е дел од коридорот 8 и главен јазол на копнената врска со Македонија и Грција и последните години има за неколкупати зголемена  фреквенција. вт/сд/

Остани поврзан