• четврток, 26 декември 2024

Со монодрамата „Кармен“ ќе биде отворено „Вевчанско културно лето 2022“

Со монодрамата „Кармен“ ќе биде отворено „Вевчанско културно лето 2022“
Вевчани, 15 јули 2022 (МИА) - Со монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска на Драмскиот театар - Скопје вечер ќе биде отворено „Вевчанското културно лето 2022“. Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а премиерно беше изведена во мај минатата година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. сс/сп/

Остани поврзан