• среда, 18 декември 2024

Со мобилна апликација јавниот превоз во Струмица поблизок до граѓаните

Со мобилна апликација јавниот превоз во Струмица поблизок до граѓаните

Струмица, 15 ноември 2024 (МИА) - Апликацијата „#CxOmniBus“, која е достапна за симнување на сите мобилни уреди, е идеална за сите што користат јавен превоз во Струмица, објавија од локалната самоуправа.

Според наведеното, таа нуди лесен начин за планирање на патувања со автобус низ градот и околните населени места.

-Со апликацијата може да ги видите точното време на пристигнување на автобусите, да добиете упатства за линиите. Без разлика дали сте редовен патник или понекогаш користите автобус, #CxOmniBus ќе ви го олесни секојдневието, стои во информацијата од Општина Струмица.

Инаку, јавниот електричен автобуски превоз во Струмица беше пуштен во употреба на 11 септември, на Денот на ослободувањето на Струмица, а десетте автобуси сообраќаат на линии во градот и кон населени места. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан