• четврток, 26 декември 2024

Со медиумска писменост во високото образование до поуспешна борба против дезинформациите

Со медиумска писменост во високото образование до поуспешна борба против дезинформациите
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Медиумската писменост е важна за секој граѓанин, таа особено е значајна за студентите на Филолошкиот факултет кои еден ден стекнатите вештини за борба против дезинформациите, од високото образование ќе ја пренесат во основното и средното, истакнаа учесниците на денешената панел дискусија одржана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во рамки на одбележувањето на Деновите на медиумската писменост. Настанот е дел од проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“, а Филолошкиот факултет е еден од четирите предвидени факултети кои од оваа година почнуваат со адаптација на постоечките студиски програми, со нови содржини кои ќе имаат за цел зголемување на дигиталната писменост во високото образование. Програмската координаторка Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии истакна дека ова е еден од првите предвидени настани од проектот. -Ние од Институтот сме многу среќни, бидејќи ова се едни од првите настани кои се организираат, денеска конкретно од колегите од Филиолошкиот факултет како грантисти, ова е една нивна активност за вклучување на медиумската писменост во наставните програми во високото образование. Филолошкиот факултет е еден од четирите факултети кои од годинава почнуваат со адаптација на постоечките студиски програми со нови содржини од исклучителна важност, во насока на тоа идните наставници да бидат доволно обучени за пренесување на вештините за критичко толкување на медиумските содржини, изјави Теменугова. Кристина Н. Николовска која е доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет и раководителка на проектот, е согласна дека медиумската писменост е клучна со цел подобрување на целокупната состојба со медиусмката писменост во државава. -Сметам дека навистина е важно медиусмата писменост да биде вклучена во високото обраозвание, но особено за Филиолошкиот факултет е значајно, бидејќи онака како што се замислени сега работите медиумска писменост во основното и средното образование ја предаваат наставници по мајчин јазик, ова е местото каде ги продуцираме овие кадри, и очекуваме дека тие кога ќе дојдат на своето работно место ќе бидат веќе медиумски описменети и ќе можат добро да ги описменуваат младите луѓе, тоа е едниот важен аспект, а другиот е дека голем дел од нашите студенти започнуваат кариери во медиумите. Сметам дека е навистина важно овие студенти да имаат предзнаења за тоа како се создаваат приказните, како да бидат коректни во начинот на кој тие приказни ги претставуваат. Медиумската писменост е значајна за секој граѓанин, затоа што секој мора да знае како да функционира во овој свет во кој сме опкружени со дезинформации, порача Николовска. Вонреден професор на Катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет, Гордана Алексова изрази надеж дека оваа иницијатива ќе ги мотивира и останатите учесници во креирањето на образовниот процес за поголеми чекори, со цел целосна вклученост на медиумската писменост преку креирање посебен предмет. -Новиот концепт на медиумската писменост се темели на три важни принципи, главно препознавањето на меиумските содржини, нивното анализирање и вреднување, како и креирањето и создавање различни видови медиумски содржини за што првенствено треба да ги оспособиме нашите студенти за понатаму тие да можат да ги пренесат овие способности во основоното и средното обраозвание. Медиумската писменост веќе е присутна во наставните содржини, но би било одлична идеја кога тие содржини би биле издвоени како посебен наставен предмет, за да се видат придобивките од нивното спроведување, оцени Алексова. Проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“ е дел од програмата „Младите размислуваат, којашто е финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а ја спроведува ИРЕКС во соработка со локалните партнери Институтот за комуникациски студии (ИКС), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ). свс/ац/

Остани поврзан