• среда, 18 декември 2024

Со крената глава, како Македонци седиме на маса во Брисел и преговараме за членство во ЕУ, вели Ковачевски

Со крената глава, како Македонци седиме на маса во Брисел и преговараме за членство во ЕУ, вели Ковачевски

Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Моите политики се нашите граѓани со крената глава, како Македонци, со чист македонски јазик и со заштитен идентитет, да седиме на големата маса во Брисел и да преговараме за полноправно членство во Европската Унија и во тоа успеавме, нагласи вечерва премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот на Владата, во интервјуто на ТВ24 потсети дека тој на првата Меѓувладина конференција со ЕУ говореше на македонски јазик, исто како што зборуваше во ОН. - Сите законодавства на ЕУ се преведуваат на македонски јазик за да се одвива процесот на скринингот кој што веќе започна. Наши тимови, на македонски јазик преговараат со ЕУ, а сите ваши колеги беа сведоци кога бевме во Брисел, кога на сите преведувачки техники беше јасно означен македонскиот јазик. Ние таму бевме Македонци. По мене тоа е најголемиот патриотизам што треба едно лидерство во државата да го направи, истакна Ковачевски. Во пресрет на големиот државен празник, 11 Октомври - Денот на народно ослободителната борба, Ковачевски рече како држава секогаш сме биле на вистинската страна на историјата. - Ние сме држава која што била на вистинската страна на историјата и сега сме на вистинската страна на историјата, како што и секогаш сме биле. Низ таа Народно ослободителна борба ние сме ја изградиле нашата независна држава во која што живееме и денес и од тој пат никогаш немаме отстапено и нема да отстапиме, потенцираше Ковачевски. см/сп/

Остани поврзан