• четврток, 26 декември 2024

Со колера заразени 936 лица во Сирија, осуммина починаа

Со колера заразени 936 лица во Сирија, осуммина починаа
Дамаск, 13 септември 2022 (МИА) - Претставници на Обединетите Нации (ОН) во Сирија потврдија дека во земјата во неколку региони има појава на колера, досега се заразени 936 лица, а осуммина починаа. Тие предупредија оти станува збор за сериозна закана за целата област. Координаторот на ОН во Сирија, Имран Риза повика на итна реакција со цел да се спречи ширење на колерата. Засега случаи на колера има регистрирано во регионите Алепо, Деир ез-Зор, Рака, Хасака, Хама, Латакија. Појавата на колера поединци ја поврзуваат со наводнување на посевите со загадена вода и користење нечиста вода од Еуфрат за пиење. Реката Еуфрат ја дели Сирија на половина од север кон исток. Големото уништување на водената инфраструктура за време на долгогодишната војна, доведе до тоа, Сиријци да бидат принудени да употребуваат вода од небезбедни извори. Регионалниот директор на Светската здравствена организација во Сирија, Ричард Бренан потврди за евидентирани осум смртни случаи поради колера во земјата од 25 август. Од нив, шест во Алепо на север, два во Деир ез-Зор на исток. Се работи за првите потврдени случаи на колера изминатите неколку години. бд/сд/

Остани поврзан