• вторник, 24 декември 2024

Со колективна изложба на учесниците заврши „Меѓународна уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија Тетово

Со колективна изложба на учесниците заврши „Меѓународна уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија Тетово

Тетово, 4 јули 2023 (МИА) - Со колективна изложба на 21 уметник вечерва во Тетово заврши 14-то издание на „Меѓународна уметничка колонија 2023“, во организација на Националната установа Уметничка Галерија Тетово.

Тие своите дела ги создадоа додека престојуваа од 1 до 3 јули на Попова Шапка.

-Првата мојата слика е насловена „Божица“, додека втората „Гуру“. Двете се изработени во комбинирана техника на акрилик и бел пастел, изјави Јасмина Крстоска, уметница од Тетово, една од учесничките на колонијата.

Ликовната колонија почна на 30 јуни со самостојна изложба на сликарката Теута Хоџа Имери, по што уметниците три дена твореа на Попова Шапка.  

Уметниците на Попова Шапка имаа обврска да насликаат две дела со различни мотиви и сликарски техники. 

Сите создадени дела беа изложени во просторите на Уметничката Галерија Тетово, како завршен дел од активностите по повод меѓународната манифестација. Учесниците добија пригодни благодарници. ас/цр

Фото: МИА  

 

Остани поврзан