• недела, 28 јули 2024

Со книжевна вечер ќе се одбележат 50 години творештво на писателот Јован Дамјановски

Со книжевна вечер ќе се одбележат 50 години творештво на писателот Јован Дамјановски

Тетово, 10 октомври 2023 (МИА) - „Свечен 11-то октомвриски портрет за 50 годишното творештво на писателот Јован Дамјановски“ е насловена книжевната вечер што се организира утре во Тетово, по повод полудеценискиот јубилеј на тетовскиот роднокраен автор. Книжевната вечер ќе биде поделена на три дела, најавуваат организаторите од Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“.

- Свечен 11-то октомвриски портрет за 50 годишното творештво на писателот Јован Дамјановски ќе биде комбинација на сценски и музички настапи. Првиот дел ќе биде посветен на биографијата на Дамјановски. Следува дел за неговата творечка активност и напишаните романи и раскази. Третиот дел е посветен на напишаните драми. За творештвото ќе зборуваат универзитетската професорка Марина Даниловска и Даријан Сотировски. Преку видеоснимки ќе бидат прикажани и делови од неговите интервјуа, изведени драми и обраќања на неговите колеги од фелата. Во живо за присутните ќе биде изведени чинови од монодрамите „Иконија-пардон матмазел Ика“ и „Чај со рум“, најави режисерот Игор Бачоски.

Настанот ќе се одржи во поранешниот Дом на АРМ сега Управна зграда на Музеј на тетовски крај со почеток во 19 часот. ас/ир

Фото: ЛК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан