• четврток, 26 декември 2024

Со згрижувачките семејства во борба против насилството-СОС Детско Село во поддршка на најранливите

Со згрижувачките семејства во борба против насилството-СОС Детско Село во поддршка на најранливите

Скопје, 3 декември 2024 година

Во организација на СОС Детско Село, на 2ри декември беше организиран настан “Со згрижувачките семејства во борба против насилството“. Настанот беше модериран од експертката за човекови права Елена Кочоска и е дел од глобалната кампања 16 дена активизам против родово – базирано насилство на која присуствуваа заменик министерот за социјална политика, демографија и млади -  Велковски, претставничката од министерство за локална самоуправа Митровска, претставничката од министерството за правда Кичеец, како и градоначалниците на општините Гази Баба, Аеродром и Петровец.

Заменикот министер Велковски, го нагласи фактот дека насилството врз жените и девојките не е приватна работа и дека е потребно на истото како феномен да се гледа интерсекциски, како и причинско-последичните врски во воспоставување на општествените односи но и градењето на системот на владеење на правото. 

Во нашата држава се уште недостасуваат достапни сервиси за поддршка на жртвите и воопшто на лицата со попреченост, но и кадар којшто на пристапен и достапен начин би дале одговор во превенцијата поддршката, рехабилитацијата, но и реинтеграцијата на лицата со и без попреченост кои се жртви од семејно насилство. Она што е многу важно е дека сите заеднички треба максимално да се залагаме  да го зголемиме бројот на специјализираните згрижувачки семејства кои ќе бидат обучени да прифатат дете со попреченост- жртва на насилство.

Претставничката на министерството за локална самоуправа, Митровска ја потенцираше потребата од регионален одговор во обезбедувањето на социјални услуги во постоечките 8 плански региони. 

Во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ се организирани активности за идентификување и испорачување на регионални социјални услуги.

Претставничката на министерството за правда, Кичеец се осврна на потребата од проширување на опсегот на бесплатната правна помош и поддршка на згрижувачките семејства, обезбедување на пристапен и достапен кривично правен процес за заедницата со и без попреченост, како и едукација и соработка со обвинителите и адвокатите во поглед на заштитата на девојчињата жртви со и без попреченост.

Националната директорка Јулијана Накова Гапо, ја истакна улогата на СОС Детско Село во поглед на згрижувачките семејства како директни даватели на услуги кои се едуцираат низ специјализирани обуки и ја добиваат потребната стручна помош од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства со цел сеопфатно да одговорат на потребите на децата без родители и родителска грижа. 

Во државава постојат 368 згрижувачки семејства, наспроти потребата да постојат 500. Имаме недостаток од специјализирани и интервентни згрижувачи кои ќе одговорат на потребите на децата со попреченост, деца жртви на семејно насилство, трговија со луѓе и деца во ризик. Апелираме државата да ја препознае потребата од уредување на статусот на згрижувачите преку нивна професионализација со што ќе можеме поактивно да работиме на промоција и регрутирање на нови потребни згрижувачки семејства.

Директорката на Приватната установа за вон-семејна заштита Наде Качакова потсети на потребата за интерсекциски пристап во справувањето на насилството врз жените и девојчињата како несразмерно погодени од овој штетен феномен и мултисекторската соработка и одговорност на институциите во давањето на одговор на насилството.

СОС Детско село

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива 

 

Остани поврзан