• четврток, 29 август 2024

Со засадување на декоративни садници Општина Илинден се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на климатските промени

Со засадување на декоративни садници Општина Илинден се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на климатските промени

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Општина Илинден со неколку активности активно се вклучи одбележувањето на 4 Ноември, Светскиот ден на климатските промени со цел подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина.

Како што информираат од Општината, во текот на вчерашниот ден во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“ беа засадени декоративни садници во делот околу спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден. Во акцијата за садење се вклучија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, директорот на ЈКП „Илинден“, Борче Мицановски, општинската администрација, вработените во комуналното претпријатие, како и здружението Зелена Градба Асоцијација (ГБА). Покрај засадените садници, со садење на цвеќиња се уредуваше и училишниот двор во ПООУ „Гоце Делчев“ во Илинден.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на климатските промени во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа и годишна конференција на здружението Зелена Градба Асоцијација на која присуствуваше и градоначалникот Георгиевски, како и претставници од бизнис секторот, претставници од амбасади но и претставници на повеќе здруженија поддржувачи на здружението ГБА.

Светскиот ден на климатските промени 4 Ноември, е ден кога низ целиот свет се организираат различни активности и кампањи кои имаат за цел да го предупредат населението на негативните последици што ваквите промени можат да ги предизвикаат.вј/

Фото: Општина Илинден

 

Остани поврзан