• четврток, 26 декември 2024

Со европски пари ќе се градат велосипедски патеки од Жировница до населени места во околија Пешкопеја

Со европски пари ќе се градат велосипедски патеки од Жировница до населени места во околија Пешкопеја
Дебар, 7 април 2021 (МИА) - Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и директорот на Друштвото за проектирање, изведба и инженеринг „Фортеса“, Хајрула Хасани денеска потпишаа договор за изградба на велосипедски патеки во должина од 23 километри. Вредноста на овој договор изнесува 7.660.163 денари, а е во рамките на проектот „Прекугранично возење велосипеди: Авантуристички туризам на повисоко ниво во Маврово-Ростуше и Дибра (Пешкопеја)“, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА 2 програмата. - Патеките ќе почнуваат во атарот на село Жировница и продолжуваат се до поврзување со соседната општина од албанска страна, понатаму продолжуваат локаните власти од Пешкопеја, потврдуваат од локалниот проектен тим. Општина Маврово Ростуше со ова ја продолжува веќе воспоставената соработка со општини од соседна Албанија во реализација на проекти во рамки на меѓуграничната соработка. Како дел од неколкуте проекти меѓу Маврово и Ростуше и општини од Албанија, е и проектот за отворените еко пазари што беа изградени со средства од ИПА програмата на ЕУ за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Еден од пазарите беше отворен во месноста „зад Чука“ во близина на големата спортска сала, кај Ростуше, додека вториот во Маврови Анови. Еден еко пазар беше отворен во албанската општина Ѓинар, кај Елбасан, со која беше срповеден проектот. вт/бт/

Остани поврзан