• среда, 25 декември 2024

Со „Дојран гурман фест“ означен официјалниот почеток на туристичката сезона на Дојранското езеро

Со „Дојран гурман фест“ означен официјалниот почеток на туристичката сезона на Дојранското езеро

Дојран, 17 јуни 2024 (МИА) – Со одржување на фестивалот на традиционална храна, обичаи и култура „Дојран гурман фест“, вчера во Дојран беше означен почетокот на новата туристичка сезона.

Со богато мени и настап на естрадни уметници, како и фолклорни анасамбли, Дојран покажа дека е подготвен за туристичката сезона, која се очекува да биде подобра од претходните.

– „Дојран гурман фест“ е заштитен знак на Дојран, бидејќи преку традиционалната храна, обичаи и култура го промовираме нашето езеро, како место со чист воздух, со прекрасна природа и медитеранска клима, велат од Општина Дојран.

Заедно со фестивалот се одржа и дводневното национално првенство во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, помогнато од Општина Дојран, Агенцијата за млади и спорт и Македонски Олимписки комитет. рт/ра

Фото: Општина Дојран

 

Остани поврзан