• четврток, 26 декември 2024

Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното“ во Неготино

Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното“ во Неготино

Неготино, 10 февруари 2023 (МИА) - Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното“ во Неготино, информираше денеска градоначалникот Горан Стојанов. 

- Вкупно 126 мостри на црвени, бели и розе вина и ракии се доставени по јавниот повик од страна на општината Неготино, за учество во натпреварот за избор на најдобри вина од реколтата 2022 година и ракии, од индивидуални производители од цела Македонија. Со дегустацијата на мострите и официјално започнаа активностите од „Неделата на виното“, што општината Неготино ја организира по повод верскиот празник „Свети Трифун“, заштитникот на лозарите и винарите, соопшти Стојанов.

Оценувањето на 28 мостри црвени вина, 36 бели, 14 вина розе и 48 мостри на ракии, го врши петчлена комисија, составена од енолози од Здружението на енолози на Македонија. За производителите на најквалитетните вина и ракии, општината Неготино обезбеди пригодни награди, што ќе им бидат врачени во вторник на градскиот плоштад, каде што ќе се одржи централниот настан по повод „Свети Трифун“. свд/бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан