• понеделник, 29 јули 2024

Со „Вело Родео“ во Градски парк „Учиме за животна средина и климатски промени“

Со „Вело Родео“ во Градски парк „Учиме за животна средина и климатски промени“
Скопје, 19 септември 2021 (МИА) – Супер забавен вело полигон, едукативни игри на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, климатски промени, одржлив развој, велосипедизам, и креативни работилници, се дел од овогодинешното „Вело Родео“ кое денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје. Здружението на граѓани „Еко Логик“, традиционално, и оваа година, од 16-22 септември ја одбележува Европската недела на мобилност преку мотото „Учиме за животна средина и климатски промени“, а денешниот настан е дел од програмските активности на мрежата „Вело Училишта“. - Настанот „Вело Родео“ е дел од образовната програма „Вело училишта“, која се имплементира во над 150 основни училишта низ Македонија. Веќе од 2018 година, тековно, секоја година сме активни со вакви настани кои што се одржуваат минимум два пати годишно. Целта на програмата е интегрирање на велосипедизмот кај децата во основното образование, од најмали нозе, од прво одделение, сè до 9-то. Во самата програма има активности кои што им овозможуваат на наставниците да ја интегрираат темата, кажа Весна Павлова, проектен координатор во здружението „Еко логик“. Дополни дека едукатори во проектот се тимот на „Еко Логик“ и наставниците од основните училишта, кои што, всушност, ја имплементираат и интегрираат програмата со нивна поддршка. - Фидбекот е фантастичен, особено од наставниците, меѓутоа и од децата, Самата глобална цел на „Вело училиште“ е да го промовираме велосипедизмот како алтернативно средство за превоз на учениците од дома до училиште. Сето тоа се одвива преку темите за безбедност во сообраќајот, за да можат учениците да ги научат основните сообраќајни знаци кои што ќе им помогнат да бидат безбедни во самиот сообраќај и оние рачни сигнали кои што се употребуваат за време на возење на велосипед, дополни Павлова. „Вело Родео“ претставува концепт на организирање на настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизмот, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца од различни возрасти. Вело Родео е настан, кој, исто така, се одбележува со патувачка изложба на детски творби кои биле дел од ликовните конкурси објавени изминатите години. ар/нд/ facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1011341009718449  

Остани поврзан