• среда, 27 ноември 2024

Со велосипедско дефиле во Струмица одбележана Европската недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили

Со велосипедско дефиле во Струмица одбележана Европската недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили
Струмица, 22 септември 2022 (МИА) - Со велосипедско дефиле денеска во Струмица беше одбележан Меѓународниот ден без автомобили и Европската недела на мобилност, која трае од 16 до 22 септември и се одржува под мотото „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“. Неколку стотини ученици и граѓани денеска продефилираа на велосипеди по главните струмички улици, а дефилето го предводеше градоначалникот Костадин Костадинов. - Вреди да се каже во оваа прилика дека споменатото мото на годинашната „Европска недела на мобилност“ произлегува од предизвиците и последиците со кои се соочија Европа и Светот во делот на пандемијата од Ковид-19. Притоа се праќа јасна порака за позитивни промени, преку кои Европа треба да се справи со се уште присутната здравствена криза, порача Костадинов. Додаде дека стартот на оваа „Европска недела на мобилност“ Општината го одбележавме и со почетокот на инфраструктурните активности за изградба и одбележување на велосипедски патеки во Струмица во рамки на предвидената севкупна реализација на мега проектот „Струмица-Паметен вело град“, со средства - донација од Европската Унија. Настанот го организираа Општината и Европската куќа во Струмица. рт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан