• четврток, 26 декември 2024

Со активности за помош, прилепскиот Дом за стари лица ја одбележува Неделата за нивна грижа

Со активности за помош, прилепскиот Дом за стари лица ја одбележува Неделата за нивна грижа

Прилеп, 16 ноември 2022 (МИА) - Со низа активности, прилепскиот Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески - Платник“ ја одбележува Неделата  на грижа за старите лица. Во рамки на активностите, во Домот практиканти од Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“  ги вакцинираа корисниците, ги посетуваат и им прават преглед на старите лица, штитеници на Домот.

Како што објаснува директорот на прилепскиот Дом за стари лица Благојче Стојаноски со активностите се вакцинирани 65 штитеници против сезонски грип.

- Штитениците кои изразија желба се вакцинирани против сезонски грип. Практикантите од Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ и во текот на денешниот ден се во посета на Домот, им пружаат грижа на старите лица, им мерат притисок, им прават основни прегледи и им излегуваат во пресрет со грижата за нив, вели Стојаноски.

Во прилепскиот Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески - Платник“ се згрижени 145 лица од речиси сите градови во земјава. Капацитетот е 150 лица, што значи, потврдуваат од Домот, е полно и интересот е голем за згрижување. ем/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан