• среда, 25 декември 2024

Сојуз на средношколци: Поминаа 365 дена без еден средношколец да се врати во училишните клупи

Сојуз на средношколци: Поминаа 365 дена без еден средношколец да се врати во училишните клупи

Скопје, 10 март 2021

Помина цела година откако пандемијата ги затвори средните училишта. Поминаа 365 дена без еден средношколец да се врати во училишните клупи. Наместо да научат нешто од периодот март-јуни 2020 година и тоа време да го искористат за изготвување на јасна стратегија како и кога (средните) училишта ќе бидат повторно отворени, на институциите им се случи ERROR 404.

Исто како и на училиште – кога не си подготвен за часовите, добиваш единица, така и МОН се здоби со една голема единица за својата работа по ова прашање.

Иако Сојузот се залага за комбинирана настава преку давање на конкретни предлози, гледаме дека тоа не се случува. Направивме истражувања за наставата од далечина и нејзините ефекти, коишто ни покажаа дека:

  1. 70% од учениците рекле дека во нивниот клас има ученици кои не се поврзуваат на настава.

  2. 80% од испитаниците го оценуваат квалитетот на онлајн наставата со 1, 2, или 3.

Ова се само краткорочните последици на наставата од далечина. Таа ќе влијае и на подолг рок врз менталното здравје на учениците, учеството на жените во образованието и пазарот на труд, како и врз социо-економските разлики.

Заклучени катанци продолжуваат да бидат закачени на училишните порти дури и кога УНИЦЕФ вели дека приоритет на МОН треба да биде тие повторно да се отворат.

Сојуз на средношколци на Северна Македонија

__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан